Без разлика колку ви е добар слухот и колку сте вешти со јазиците, Uvuvwevwevwe Onyetenyevwe Ugwemubwem Ossas, не ќе можете да го изговорите. Барем досега никој не успеал во тоа, и тоа е причината
зошто овој младич стана хит на интернет.
Uvuvwevwevwe доаѓа од нигериската држава Едо, а моментално трае дебата дали е возможно навистина тоа да е неговото име.
Самите Нигеријци на социјалните мрежи наведуваат дека не е неверојатно тоа да е неговото име, затоа што во регионот од каде што доаѓа се зборува на етсако дијалектот, кој е многу комплициран, па му прави проблеми дури и на оние кои не се од тој крај.
Други пак мислат дека станува збор за некаков скеч и дека младичот е локален комичар, меѓутоа засега нема докази за тоа.
Како и да е, публиката на интернет доби нова забава, а во меѓувреме се појавија неколку видеа кои се шегуваат со Uvuvwevwevwe.