X
 28.06.2022 Живот

„Ербиенби“ ќе им додели по 100.000 долари на 100 луѓе да ги изградат најнеобичните домови во светот

„Ербиенби“ ќе им додели по 100.000 долари на 100 луѓе да ги изградат најнеобичните домови во светот.

Платформата за сместување има посебна категорија за необични домови, а сега бара идеи за нови чудни сместувања од сите креативци. Најдобрите идеи ќе бидат наградени со по 100.000 долари за да бидат реализирани.

Предлозите ќе бидат оценувани од судии кои се познати по својата креативност, меѓу кои и Ирис Апфел, позната во областа на модата и дизајнот на ентериери. Предложените дизајни ќе бидат оценети за оригиналност, изводливост, искуството што ќе го нудат и оддржливоста.

Компанијата има цел да ги поттикне луѓето да резервираат патувања според сместувањето, не само врз основа на локацијата.

Пријавувањето на дизајните завршува на 22 јули. Повеќе информации може да најдете овде.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Airbnb
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот