X
 11.03.2015 Технологија

Да, ова е телефон

Ова е смартфон наречен „Runcible“. Тој е резултат од едногодишна работа на стартап-компанија составена од тројца кои работат во Калифорнија, САД.


Тие го нарекуваат уредот „контра-смартфон“. Тимот го опишува телефонот како предизвик за правоаголните форми на нашите книги, кино сали, телевизори, компјутери и телефони присутни со векови. Нивната цел е да ги поттикнат дизајнерите да размислуваат на поинаков начин од останатите.


Кружен телефон можеби звучи како смешен концепт, но ова не е единствената компанија која се обидува да направи нешто ново и различно од она на што сме навикнати.

Со напредокот на паметниот часовник, особено на кружниот, екраните во кои гледаме секојдневно започнуваат да се менуваат. Па, можеби овој телефон не е толку луда идеја и доаѓа во вистинско време.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија