Денес е понеделник, 6 февруари 2017 година, 37-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:36, а ќе зајде во 16:59 часот. Денот ќе трае 10
часа и 23 минути.
САТЕЛИТСКА СЛИКА – Облачно и над просечно топло утро имаме денеска во
Македонија, па слободно можеме да кажеме дека имаме пролетно утро со
исклучок на градовите кои неколку дена се под магла и таму температурите
се доста пониски. Тешко дека денеска ќе бидат достигнат вчерашните
максимални температури кога во Гевгелија и Демир Капија УХМР измери
речиси 20 степени, но секако не очекува наtпросечно топол ден.
МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови појава на магла која попладне ќе се
намалува кога ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви
периоди. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер кој ќе достигне
брзина и до 35 км/ч. Попладне под влијание на циклон чиј центар се наоѓа
над Италија, продор на влажна воздушна маса од запад, која што доцна
попладне во југозападните, западните и северозападните предели ќе услови
поинтензивни врнежи од дожд кои во вечерните часови ќе се прошират и во
останатите предели од Македонија. Локално се очекуваат да наврнат до 30
литри дожд. Во текот на ноќта понеделник кон вторник врнежи од дожд ќе
има во североисточните, источните и југоисточните предели но ќе бидат со
послаб интензитет. Минималните температури од 1 до 10 степени, додека
пак максималните од 7 до 17 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје претежно магловито и посвежо време. Во доцните
претпладневни и попладне постојат услови за намалување на облачност, а
во доцните попладневни и во вечерните часови нестабилно со врнежи од
дожд. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 2
степени, додека пак максималната дневна до 11 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник во утринските и раните претпладневни
часови врнежите ќе престануваат и во текот на денот ќе преовладува
умерено облачно и топло време со дневни температури кои ќе се движат од
4 до 13 степени. Во среда и четврток умерено облачно време со повремени
сончеви периоди и малку постудено време со опаѓање на температурите. Во
среда утринските од -4 до 4 степени, додека пак максималните од 3 до 13
степени. Во четврток минималните од -5 до 3 степени, додека пак дневните
од 2 до 12 степени. Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно време
со повремени сончеви периоди и благ пораст на температурите, утринските
од -3 до 5 степени, додека пак максималните од 3 до 13 степени
Weather4all.com.mk