X
 26.04.2017 Живот

Временска прогноза до крајот на месец април

Денес е среда, 26 април 2017 година, 116-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:32, а ќе зајде во 19:29 часот. Денот ќе трае 13 часа и 57 минути.



Во овие утрински часови во Македонија имаме претежно сончево и топло време со пораст на утринските температури кои ќе го достигнат, а дневните температури ќе го надминат повеќегодишниот температурен просек за овој период до месец април.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска не очекува вистинско пролетно уживање во метеоролошките услови кои тоа ќе ни го пружат. Ќе биде претежно сончево, ветровито и топло време со пораст на температурите, како на утринските така и на дневните. Во текот на денот ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 1 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 15 односно до 26 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно сончево и многу топло време. Ќе дува доумерен јужен ветер. Утринската температура од 6 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 24 степени. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток во Македонија ќе преовладува претежно сончево и топло време со температури кои ќе бидат во пораст и ќе достигнат од 18 до 28 степени, додека пак утринските ќе се движат од 2 до 9 степени. Во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и топло со дневни температури од 19 до 29 степени. Во сабота умерено облачно време со сончеви периоди и топло иако дневните температури ќе бидат во благо опаѓање. Минималните од 6 до 13 степени, а максималните од 15 до 25 степени. Попладне во североисточните, северните и северозападните предели со услови за локални врнежи од дожд. Во недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, утринските температури од 7 до 14 степени, додека пак дневните од 11 до 21 степен.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во четврток сончево и топло време со дневна температура до 26 степени. Во петок претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и умерено облачно време со сончеви периоди и максимални 27 степени. Во сабота претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навчер со услови за врнежи од дожд и температура до 23 степени. Во недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и дневна температура до 19 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот