„Коузон“ и оваа година го организира – наj популарниот летен одмор за децата од Македонија. Иако во основа 8 дневниот престој во кампот во Грција претставува форма на заслужен одмор, престојот во детскиот камп не е класичен одмор.
Причината за ова е концептот на активности кој е креиран како целодневна програма исполнета со спортско-едукативни и забавни содржини.
Присуството во кампот го развива тимскиот дух – децата се сместени во групи од по 10 деца во бунгалови од тврда градба. Сите активности од утро до вечер ги изведуваат како група.
Во кампот – посебно внимание посветуваме на социјализацијата со останатите деца од нашите групи и децата од другите држави. Голема привилегија е тоа што во нашиот камп во топ сезоната престојуваат 2.500 деца во една смена. Искуството како за децата така и за нас е незаменливо!
Културната програма застапена е секоја вечер со различни музички и забавни содржини. Од непроценливо богатство за децата е можноста да присуствуваат на овие забавни вечери и да учествуваат во истите со свој настап.
Во кампот престојуваат деца од 18 држави. Официјален јазик за комуникација е Англискиот јазик.
Кампот, посебно влијае врз осамостојувањето на децата бидеќи тие сами (под супервизија на тим лидери) ги извршуваат сите „домашни’’ задачи околу сместувањето, хранењето, хигиената и сл.
„Одиме на камп, одиме на море“ со Коузон во „Скоурас“ во Грција.
Резервации на:
info@kouzon.com.mk
078 45 44 26
078 45 44 18
www.kouzon.com.mk