X
 03.04.2017 Живот

Реченици кои на децата треба да им ги повторуваме секој ден

„На децата секогаш им е потребна љубов, тие треба да почувствуваат дека се сакани“.

деца
Фото: Shutterstock


Постојат зборови кои можат да ја променат семејната атмосфера. Уште поважно, тие можат да станат основа за градење на позитивна слика за себеси, а тоа е важно за нормалното воспитување на децата. Таквите зборови можат да бидат:

1. „Те сакам“ - Зборови кои често се наоѓаат во песните, но родителите и децата често ги забораваат. Сепак, тие имаат голема моќ. Секој ден, детето на својата мајка и татко треба да им каже: „Те сакам“.

2. „Убав/а си“ -
На децата им се потребни комплименти. Како едно дете би имало самодоверба ако неговите родители никогаш не го пофалиле (ниту неговиот физички изглед?)

3. „Среќен/среќна сум што те имам“ - Израз кој треба да се употребува. Постојат многу деца кои се чувствуваат отфрлено или непосакувано од своите родители.

4. „На мене секогаш можеш да сметаш“ - Детето треба да знае дека што и да му се случи, еден маж и една жена, а тоа се неговите родители, ќе бидат тука за да му помогнат.

5. „Што мислиш ти?“ - Со тоа што мама и тато, луѓето кои ги сака најмногу, бараат мислење од детето, и им е важно што тоа мисли, детето ќе биде исполнето со гордост и ќе се чувствува дека е вклучено во семејството.

6. „Ако сакаш, можеш да плачеш“ - Секое човечко суштество треба да има некого кому ќе се пожали и за кое е сигурно дека ќе го прифати и нема да го осуди.

7. „Сакам да те ислушам“ - Тоа значи дека не ни е сеедно што се случува во животот на другите луѓе. „Раскажи ми“, доколку е изговорено во вистински момент, е во состојба да го сруши ѕидот на молчењето кое може сериозно да ги загрози односите меѓу родителите и децата.

8. „Зошто си лошо расположен/на?“ - Чувствата на малите деца се важни и возрасните треба сериозно да ги сфатат. Тие често ги занемаруваат.

9. „Имам доверба во тебе“ - Децата имаат доволно валидни причини да се сомневаат во себе. Охрабрувањето на родителите е поттик за подготвеност да преземе иницијатива.

10. „Толку е убаво кога сме заедно“ - Никој не може да расте добро ако не чувствува дека е незаменливо делче среќа во своето семејство.

Извадок од „Среќни родители - со образованиот систем на Дон Боско“, од Бруно Фереро
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот