X
 24.08.2016 Живот

Што треба да научи детето до 5 години?

Во најраното детство родителите често знаат да ги разгалуваат децата и да не оставаат самите да извршат помали задачи. Тоа може само негативно да се одрази на развојот и формирањето на добри навики на детето како индивидуа.
дете


Научете го детето да јаде независно и уредно. Тоа не значи да не очекувате да истури чаша млеко повторно, но на 5 годишна возраст децата стануваат посвесни за добрите манири на масата додека се јаде.

Самостојното и уредно користење на тоалетот е исто така многу важно да се научи на рана возраст.

Иако ќе трае повеќе време само облекувањето на чорапите, на 5 години е важно да се научи детето да верува дека може да се облече само. За да се осигурате дека нема да понудите помош само од аспект на заштеда на време, станете 10 минути порано, но оставете го детето да се облече само. Притоа дозволете му и само да избере што ќе облече или можете однапред да му подготвите неколку комбинации од кои повторно само ќе одлучи што да одбере. Облекувањето може и да му стане забавно ако го оставите да вежба со копчињата и патентите.

Научете го само да ги облече чевлите правилно
. Најдобро време за оваа лекција е пред некој настан што со нетрпение го очекува. Петгодишно дете треба да знае само да си го мие лицето и забите како основна лична хигиена. Можеби е потребно да го потсетите или да надгледувате што направил во тоалетот, но тоа е време кога треба да се научи на оваа одговорност. Исто така добро е да го научите да ја регулира водата за капење.

Ако детето посетувало пред-градинка, веројатно веќе знае како да приоѓа на врсници и како нему врсниците му приоѓаат. Во спротивно организирајте разни дружби со него за да научи дека треба да се социјализира и да создаде пријателства. Научете го и дека во пријателствата делењето е благодарен акт што води до подобри пријателства.

Добро е да го научи и вашиот телефонски број во случај на итност или броеви за итна помош. Колку и да е потребно да се вложи труд за овие и уште многу лекции што треба да му ги „предадете“ имајте на ум дека не само помагате да детето да создаде добри навики, туку и да се постави основата на неговата личност.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот