X
 07.04.2017 Живот

Секојдневниот живот на полските Евреи за време на Втората светска војна

Во текот на зимата 1944 година, во екот на холокаустот, еврејскиот фотограф Хенрик Рос закопал кутија со фотографии. Една година подоцна, тој се вратил за да ги откопа фотографиите и да ја прикаже трагичната вистина која тие ја раскажуваат.

evrei
Фото: Хенрик Рос

Хенрик Рос од Полска бил фотограф за вести и спорт кога германските сили извршиле инвазија врз неговиот град, во 1939 година. Од тогаш, тој преживувал правејќи фотографии и снимки од пропагандата на нацистичкиот оддел за статистика. Додека ја извршувал работата, многу пати го ризикувал животот за тајно да ги документира секојдневните настани во гетото во Лоѓ, кои на крајот завршиле со депортација на жителите во логорите на смртта. Изложен на ризик, тој одлучил да ги закопа фотографиите близу неговата куќа во запечатена кутија, зачувувајќи докази за злосторствата против неговиот народ, да стојат како доказ за идните генерации.

После ослободувањето на Лоѓ од Советската армија во 1945 година, Рос се вратил да ги откопа фотографиите. Голем дел од нив биле оштетени или уништени од подземните води. Оние кои останале неоштетени, нудат интимен поглед во животот на полските Евреи, од кои многумина имале ужасен крај.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот