„Google“ создаде уште една нова алатка - „Google photos“ која ја промовираше преку видеото чија цел е да ве поттикне да започнете да го користите нивниот сервис за фотографирање во облакот.
Краткото видео не' потсетува на времето кога фотографирањето и организацијата на фотографиите беше многу поедноставно.
За генерациите кои пораснаа со дигиталните фотографии и интернетот веројатно е тешко да се замисли дека порано фото апаратите имаа ограничен број на филм (24 или 36), а складирањето беше во „физичка форма“ односно за тоа беа измислени фото албумите кои имаа посебен статус во семејствата.