X
 24.12.2020 Живот

Фотографии што ја покажуваат величественоста на лавот, кралот на животните

Британскиот фотограф Симон Нидем преку своите фотографии го прикажува неверојатниот свет на дивите животни, за гледачите да уживаат во него одблизу.

Врв на неговата работа се портретите на лавовите што влеваат страхопочит и ги покажуваат убавината и моќното присуство на ова животно. Што е најважно, тој ја покажува важноста на овие прекрасни суштества бидејќи тие стануваат загрозен вид - во дивината има уште околу 20.000.

Величествените животни што отсекогаш се сметале за кралеви на џунглата тивко исчезнуваат токму поради човекот. Бројот на африкански лавови се намали за половина од пред 25 години и тие се најдоа на списокот со загрозени видови, со што сега нивната судбина е во рацете на организациите за зачувување на дивиот свет.

Во случај да ви треба потсетник зошто лавовите владеат со животинското царство, погледнете ги неверојатните фотографии на Нидам.

- Обожавам животни, но неверојатното крзно на белите лавови ме воодушеви кога ги видов првпат - вели тој.

Белите лавови се ретки во дивината, а нивната боја е резултат на генска мутација каде што две копии на рецесивен ген мора да се присутни за златното крзно да стане бело.

- Целта на мојата мисија со изложувањето на белите лавови е да им дадам помош и внимание на загрозените видови и да помогнам во поддршката на она што го сметам за достојна причина - вели Нидем. Според него, клучот за фотографирање на дивиот свет е трпеливоста и способноста фотографот да заземе правилна позиција.

- Додека фотографирам животни, многу сум фокусиран. Со тоа се зголемува мојата храброст - вели тој.











Извор: Bored Panda
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот