X
 20.04.2017 Живот

За сите корисници на ВИП: Постапка за купување на автобуски билет во ЈСП Скопје

Едноставна постапка за купување автобуски билет во ЈСП Скопје за постпејд корисниците на мобилна телефонија на Вип



Вип ги информира своите корисници на мобилната постпејд телефонија дека имаат можност да купат билет за возење во автобусите на ЈСП Скопје од својот мобилен телефон. Со оваа услуга купувањето билет е многу едноставно, а сè што треба да направите е да ги следат следните чекори.

За да може да се купи билет, потребно е претходно корисникот да ја активира услугата. За активацијата која е бесплатна, корисникот треба да испрати SMS со текст „START” на бројот 14 11 14. Како потврда за успешна активација на услугата корисникот добива SMS-порака.

Чекори за купување билет со мобилен:

1. Откако корисникот ќе го избере бројот 185 треба да го приближи телефонот до апаратот (валидаторот) во автобусот.
2. Апаратот го регистрира корисникот – при успешно купување корисникот добива звучна и светлосна сигнализација од валидаторот.
3. Корисникот добива SMS-порака како потврда за успешно купување на билетот. Корисникот потребно е да ја зачува SMS-пораката до крајот на возењето.

Цената на дневниот билет за едно возење е 40 денари, а на ноќниот билет е 50 денари. Максималниот месечен лимит за купување билети од мобилниот телефон е 1 800 денари.

За повеќе информации јавете се на 077 1234 или прочитајте на www.vip.mk .
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот