Вип со задоволство го најавува најновиот проект “Да
спортуваме заедно”, со кој децата од 6 до 16 години ќе добијат можност да бидат
дел од бесплатните Вип спортски школи по пливање и тенис со што ќе ги исполнат
деновите од летниот распуст со спортски активности.
Бесплатните Вип спортски школи ќе се одржуваат од 16 ти јуни до 16 јули , а
можноста да бидат дел од нив ќе ја добијат 400 деца од Македонија и тоа 200
деца во школата за пливање и 200 деца во школата за тенис. Пријавувањето
почнува од денес и ќе трае до 9 јуни, а ќе се одвива преку специјално креиран веб
портал
www.zaedno.mk каде сите заинтересирани можат да ги видат критериумите
за пријавување и деталите за активностите.
- Определбата на Вип за инвестиција во спортот како неопходен елемент за здрав
живот продолжува и преку овој проект кој за главна цел ја има мотивацијата на
младите генерации да се запознаат со спортот, да го засакаат и станат идни
амбасадори на спортската култура. Очекуваме голем одзив бидејќи сметаме дека
младите се иднината, спортот е култура, спортувањето е здравје, изјави Никола
Љушев - Извршен директор на оне.Вип.
Бесплатните Вип спортски школи ќе се одржуваат два пати неделно во Вип базен
и на Вип тениските терени во рамките на Спортскиот центар “Борис Трајковски”, ќе
ги раководат реномирани спортски тренери од Пливачката школа БЕТА и тренери
од Тениската школа Борис Трајковски.
Бесплатните спортски школи на Вип се проект со кој компанијата уште еднаш ја
потврдува својата определба да вложува во заедницата каде што работи и живее,
а со тоа да претставува пример во заедницата во која делува.