X
 20.05.2016 Технологија

ВИП Комбо со нова понуда: Цело лето без претплата!

Ново портфолио и промоција на атрактивни фиксни и конвергентни услуги на Вип Со Вип Комбо пакетите, цело лето без претплата за телевизија, интернет, фиксна и мобилна телефонија



Скопје, 20 мај 2016г. - Од денеска, Вип воведува нови Вип Комбо пакети за телевизија, интернет, фиксна и мобилна телефонија со нови поволности и можност корисниците да изберат пакет согласно нивните потреби за комуникација и забава.

Во промотивниот период, Вип Комбо пакетите од три или четири услуги се достапни без претплата во првите три месеци и вклучуваат телевизија со најголем избор на HD канали, интернет со брзини до 100Mbps, фиксна линија со неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи и до 3 мобилни линии.

Дополнително, корисниците кои сакаат да продолжат да ја користат нивната постоечка мобилна тарифа, може да станат корисници на Вип Комбо пакетите со 4 услуги и да добијат дополнителен попуст и да заштедат на секоја поединечна услуга.

- Со воведувањето на Вип Комбо портфолиото им нудиме на корисниците можност да заштедат, да добијат повеќе комуникација и повеќе забава за своите семејства, а доколку одберат еден од Вип Комбо пакетите во промотивниот период, добиваат и цело лето комуникација без претплата за телевизија, интернет, фиксна и мобилна телефонија. Уште еднаш преку новото портфолио ја демонстрираме нашата посветеност кон стратегијата за обезбедување на квалитетни конвергентни комуникациски услуги со најдобра вредност за македонските граѓани, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип.

Комбо пакетите, од сега се достапни низ цела Македонија, но зависно од местото на живеење и потребите, корисниците може да одберат Вип Комбо пакети достапни на кабловска технологија или Вип Комбо Lite достапни во регионите без кабловска покриеност.

Дополнително, Вип ја збогатува понудата и на тарифи со поединечни фиксни услуги со што корисниците можат да изберат една од Vip TV или Vip Net тарифите со најповолна цена за телевизија или за интернет.

Детални информации за новата промоција и Вип Комбо пакетите се достапни на www.vip.mk , во најблиското Вип продажно место или со јавување на телефонскиот број 077 1234.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија