X
 28.05.2018 Технологија

Со „Vip Experience“, иновативна програма за регрутирање млади таленти, Вип ќе го проширува тимот

Вип бара млади и посветени професионалци од ИТ-секторот, со или без работно искуство. Важно е да сакате да работите во динамична, интернационална средина во која ќе имате шанса многу да учите и да напредувате

Компанијата Вип го почнува својот нов проект „Vip Experience“, иновативна програма за регрутирање млади таленти. Ова не е обичен оглас за вработување на коj младите само ќе отидат на интервју и потоа ќе добијат известување дека се или не се примени. Вип на транспарентен, невообичаен и креативен начин ќе се обиде да најде нов млад кадар и да внесе свежина во своите редови.

Вип бара млади и посветени професионалци од ИТ-секторот, со или без работно искуство. Важно е да сакате да работите во динамична, интернационална средина во која ќе имате шанса многу да учите и да напредувате.

Огласот за позициите што се потребни во Вип може да го погледнете на овој ЛИНК

Со „Vip Experience“ програмата сите кандидати ќе поминат низ интересен процес на селекција. Најдобрите претходно ќе се запознаат со работата и тимот во Вип, ќе работат на конкретни задачи, а целиот процес ќе ѝ биде достапен на јавноста.

Раководителот на човечки ресурси во Вип, Стефан Јовановски, вели дека целта на оваа програма за регрутирање млад кадар е, пред сѐ, да ги поттикнат младите да се пријават на огласите. Според него, во Македонија се „кријат“ многу способни кадри кои од различни причини немаат храброст да се пријават за одредена работна позиција. Нивна мисија е во своите редови да ги регрутираат најдобрите.

- Наша постојана мисија е да ги инспирираме, мотивираме вработените, но и да им понудиме работна атмосфера во која секој може да го даде својот максимум – вели Јовановски.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија