X
 23.04.2017 Култура

Емануел Макрон - Ако победи, ќе забрани користење на мобилни телефони во училиштата за учениците под 15 години

макрон
Фото: Reuters

За англосаксонска публика, приказната за Емануел Макрон, независниот центристички кандидат за претседател на Франција би била позната бидејќи вакви слични кандидати се појавиле низ историјата - Бил Клинтон, Тони Блер и Барак Обама. Како нив, Макрон претходно едвај бил познат пред да се појави како водечки кандидат. И тој како нив, покажа амбиција за повторно цртање на политичката карта. И како нивната, и неговата визија гледа кон иднината, а не минатото.

Но, постои и една голема разлика - тоа е дека Макрон работи сам, без поддршка од голема партија. За разлика од Клинтон на претседателските избори во Америка во 1992 година, тој не се замара да се натпреварува и да ги тестира своите идеи во конкурентната трка. И за разлика од Блер во 1994 година, кога го презеде водството на партијата, тој не започна со реформи за партијата со цел да им докаже на скептичните гласачи дека и тој може да ја реформира земјата. Напротив: проблемите на претседателот Франсоа Оланд го убедија Макрон да ги намали врските со владејачката Социјалистичка партија.

Истовремено, откривањето на кампањата на конзервативниот Франсоа Фијон го охрабрија Макрон да се обиде да ги украде гласачите, кога тој требаше да ја консолидира својата позиција на левата страна.

Назад во 1990 година, Новите демократи во Америка и Новите лабуристи во Британија успеале во подобрувањето на социјалната демократија за пост-индустрискиот свет. Тој свет дојде со сериозни последици за традиционалните левичарски партии, а меѓу нив и немоќта на државата и слабеење на синдикатите.

Денес, речиси 10 години после глобалната финансиска криза во 2008 година, светот повторно се менува и на социјалдемократијата очајно ѝ е потребна уште една реинвенција - оној кој ќе ги земе во предвид новите ризици како што се несигурните модели на вработување како и ерупцијата на технологијата во индустријата и во нашите лични животи.

Постојат навестувања на таквата визија во платформата на Макрон - доволно за да привлече поддршка на сите оние кои веќе успеваат во новата економија. Но, анкетите покажуваатт дека голем број гласачи остануваат недоволно убедени од овој згодени оптимистички 39 годишен кандидат. Во земја поделена како што е Франција, која во себе крие гнев, останува да се види како кандидат кој се претставува себеси како аполитички „решавач“ на проблеми може да стави крај на конфликтот кој се случува во земјата толку долг.

Поранешниот канцелар Герхард Шредер одреди центристички пат во Германија до 2005 година. Притоа, тој ја уништил неговата Социјалдемократска партија за една генерација. Што се однесува до Обама, тој се обиде со конеснзуален пристап од 2008 до 2010 година, со што доведе до претседателство на Доналд Трамп.

Ако Макрон победи и потоа ја води земјата како центристички претседател, тој може да очекува слична реакција. Но, постои уште еден историски преседан кој треба да се земево предвид: избран како не-идеолошки технократ во 1932 година, американскиот претседател Френклин Рузвелт, морал да заземе страна и да се насочи кон левичарите поради страв од губење на неговата повторна изборна кампања. Тој дизајнирал еден општествен договор, „Новиот договор“ кој и ден денес ја обликува Америка, речиси еден век подоцна.

Денес, на секоја напредна демократија очајно ѝ е потребна радикална имагинација - еден нов, модерен Рузвелт. Дали Макрон ќе биде тој што ќе го обезбеди тоа?

Што тој сака:

- 50 милијарди евра план за јавни инвестиции за да покрие работа-обука, излез од јагленот и префрлување на обновливи извори на енергија, инфраструктура и модернизација
- Надомест на вкупните трошоци за очила, протези и слушни помагала
- Големо намалување на данокот на доход и поголема слобода за компаниите да преговараат за 35 часовна работна недела
- Намалување на стапката на невработеност до 7% (сега е 9.7%)
- Забрана за користење на мобилни телефони во училиштата за учениците под 15 години и 500 евра културна пропусница за 18 годишните
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура