X
 04.04.2017 Наука

Археолозите пронашле артефакти од изгубен антички Римски град

Археолозите пронашле дел од античка Римска населба во јужна Франција, која ја идентификувале како изгубенот град „Ucetia“.


Ископините откриле регион од околу 4 илјади метри квадратни прекриен со мозаици и структури кои датираат од пред повеќе од 2 илјади години.

Има многу малку познати информации за градот. Но, археолозите пронашле голем ѕид и многу структури кои датираат од периодот пред Римското освојување. На мозаиците се исцртани був, патка, орел и срна, а техниката со која се сработени се појавувала во Римската култура. Пронајдоците сугерираат дека можеби оваа локација е всушност местото од каде што и започнала оваа уметност и карактеристичниот стил.


Археолозите ќе продолжат со ископување во текот на 2017 година, па се надеваат дека ќе се здобијат со што повеќе информации за изгубениот град.

Кога артефактите ќе бидат целосно анализирани се очекува и комплетен научен извештај.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука