X
 03.05.2017 Култура

По 50 години конечно е откриена облеката од плакарот на Фрида Кало


Фрида Кало
(Фото: Wikimedia commons)

Мексиканската сликарка Фрида Кало, родена како Маргарета Кармен Фрида Кало и Калдерон, е една од ретките жени од светот на уметноста чии слики и стил сè уште инспирираат многу луѓе низ светот и по нејзината смрт во 1954 година. Уметничката која главно сликала автопортрети била инспирирана од мексиканската популарна култура, а користела наивна уметност и на тој начин ги истражувала прашањата за идентитетот, постколонијализмот, полот, класите и расите во мексиканското општество. Нејзините слики често содржеле силни автобиографски елементи во кои се испреплетувале реализмот и фантазијата, а со својата интригантна појава и личен стил остана инспирација и вдахновение за многу уметници, дизајнери и жени до денес.

Кало во модата пронаоѓала емоционална сила за да ја надмине својата физичка немоќ со која била соочена во текот на целиот живот. Сообраќајната несреќа која ја преживеала на 18-годишна возраст и од која се опоравувала цели две години, оставила трајни последици врз нејзиното физичко здравје. Но, и покрај тие тешкотии, таа ги трансформирала своите медицински помагала во носиви уметнички дела. Од гипсот кој уметничката го носела преку целото тело, до протезата за ногата што ѝ била ампутирана во 1953 година, сите тие медицински „предмети за облекување“ ги насликала и ги украсила на свој личен, впечатлив начин.

По смртта на уметничката, нејзиниот сопруг Диего Ривера ги запечатил сите нејзини работи во плакар во бањата во нивниот дом во Мексико. Погоден од загубата, тој посакал нејзините лични работи да останат скриени уште 15 години по неговата смрт. Но, иако починал во 1957 година, тие останале далеку од очите на јавноста уште 50 години, сè додека од Музејот на Фрида Кало не одлучиле да ги категоризираат во 2004 година.

Јапонскиот фотограф Ишиучи Мијако добил чест да го документира плакарот на Фрида Кало. Користејќи фотоапарат од 35 милиметри и природна светлина, фотографирал повеќе од 300 никогаш видени предмети, што кулминираа во книга која ја нарекол Frida by Ishiuchi, која е достапна на „Амазон“.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура