X
 07.03.2020 Наука

Облека од нов материјал што може да ве предупреди дека сте болни

Истражувачите откриле нов материјал, доволно еластичен да биде проткаен во ткаенина, со способност да предупредува за повреда или болест.

За материјалот, опишан во труд објавен од „Еј-си-ес Аплајд нано материјал“, се употребени јаглеродни наноцевки и е способен да почувствува мали промени во телесната температура на телото. Промените во топлината на телото го менуваат електричниот отпор, алармирајќи некој што ја следи таа промена за потенцијална потреба за интервенција.

- Вашето тело може да ви каже дека нешто не е во ред уште пред да стане очигледно - вели Сејмус Куран, професор по физика на Универзитетот во Хјустон и коавтор на истражувањето. Можната примена се движи од откривање дехидрираност кај ултрамаратонец до болка кај старо лице.

Истражувачите велат дека е профитабилно затоа што потребните суровини се користат во релативно ниски концентрации.

Истражувањето се базира на истражувачите С. Куран, Канг-Шијанг Лиао и Александер Џ. Ванг, кои го почнале пред речиси една деценија кога развиле хидрофобна наномембрана за ткаенина, што ја замислиле како заштитна обвивка за облека, теписи и други материјали базирани на влакна. Материјалот е технички познат како нано-јаглероден спроводлив, полимерен нанокомпозит, класа на материјали што се користат во науката за материјали.

Новиот материјал е произведен со употреба на техника наречена „RAFT-полимеризација“, критичен чекор што овозможува прицврстениот полимер да биде електронски споен со јаглеродена наноцевка преку ковалентно врзување.

Извор:  Science Daily
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука