X
 28.04.2016 Образование

Кои се најважните предмети до 12-та година?

Има сè повеќе експерти кои сметаат дека креативноста е најважен ресурс на 21-от век, но дека во денешното општество креативноста има закана од модерната технологија.


Информациите пристигнуваат бргу, ги има премногу и честопати не успеваме да ги искористиме на вистинскиот начин. Децата се загушуваат со небитни содржини, не само низ образованието.

Патот до креативното суштество започнува од играта, а основнаата игра се раѓа со движење, одење, трчање, скокање. Играјќи, детето се запознава со светот. Во играта детето се подготвува за живот, а тоа е најважната работа за секое дете.

- Тоа некогаш било нормално, детето да трча од утро до мрак преку камења, преку потоци, преку гранки, да ја проценува должината на скокот, како тоа мора да го направи. Притоа држи рамнотежа, постојано целиот мозок му работи, мора да размислува - е, тука е вистинската игра, така се развива мозокот - објаснува Ранко Рајовиќ, автор на програмата „НТЦ систем на учење“, известува РТС.

Тој додава дека детето треба да игра што повеќе во природа, но и во градинка и на училиште. Заедно со физичкото, музичкото и ликовното образование се најважни предмети до 12-та година. Основна задача е да се создаде богато опкружување и различни можности за игра.

- Да се игра само - со возрасните, да се игра со своите врсници, да се игра со различни работи, со играчки кои се совршени, но и исто така со нешто што е создавање и играчки и игри - советува Љубица Белјански Ристиќ, раководител на програмата „Школигрица“.

Тој пораснал меѓу ликовните столови на своите родители. Моќта на цртањето е голема, а тоа го потврдува и Урош Петровиќ и вели дека на тој начин децата учат да размислуваат.

- Кога ќе го погледнам својот живот, кога ќе се вратам наназад, гледам дека, всушност, најважниот период ми бил кога сум откривал тајни, кога сум бил разигран, кога сум бил немирен, кога сум бил љубопитен - веќи Петровиќ.

Пораката до родителите гласи: Ако сакате креативен свет, овозможете им на децата да си играат, поддржете ги нивните замисли, дозволете им да се изразат и да мечтаат. Бидејќи големите работи започнуваат навреме - во детството.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование