X
 06.05.2017 Живот

Обединетите Арапски Емирати пронајдоа решение на проблемот за снабдување со вода за пиење


Антарктички ледник
(Фото: Pixabay)

Обединетите Арапски Емирати пронајдоа решение на проблемот за снабдување со вода за пиење. Тие планираат да носат големи ледници од бреговите на Антарктикот, за што ја ангажираа компанијата „National Advisor Bureau“, која ќе ги транспортира до брегот на емиратот Фуџејра.

Директорот на компанијата, Абдула Мохамед Сулејман Ел Шехи, смета дека еден ледник со просечна големина содржи повеќе од 80 милиони литри вода, што е доволно количество за задоволување на потребите на еден милион луѓе за период од пет години. Тој додава дека присуството на ледниците на оваа географска широчина би можело да влијае и врз микроклимата, предизвикувајќи врнежи од дожд во ова сушно подрачје. Се смета дека водата од ледниците од Антарктикот е најчистата вода на светот.

Компанијата предвидува дека ќе им биде потребно една година да го довлечат ледникот до Фуџејра, а најавуват дека проектот ќе го стартуваат наредната година.

Ел Шехи сметка дека глетката на ледниците кои ќе пловат по топлите мориња би можела да стане и туристичка атракција.

Погледнете го видеото:



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот