X
 10.02.2016 Култура

Уште една земја добива Министерство за среќа и толеранција

Откако неодамна дознавме дека Бутан е единствената земја во светот која има Министерство за среќа, сега „Andolu agency“ открива дека уште една земја ќе добие такво министерство.


Имено, премиерот на Обединетите Арапски Емирати најавил дека земјата ќе формира државно министерство за среќа како дел од планот со кој сака да направи голема реогранизација на владата.

Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактоум, кој воедно е и премиер и владател на Обединетите Арапски Емирати, најави дека министрите од сега ќе водат политика во насока на создавање општествено добро и задоволство.

Тој посочил и дека во новиот состав на владата ќе биде формирано и државно министерство за толеранција. Тој додава дека ќе се спојат неколку досегашни министерства.

„Владите мора да бидат флексибилни. Не ни требаат повеќе министерства, туку министри способни да се носат со промените. Сакаме млада и флексибилна влада која ќе ги исполнува барањата на нашите млади и ќе ги остварува амбициите на нашиот народ“, изјавил шеикот.

На профилот на „Твитер“, првиот човек на Емиратите напишал: „Државниот министер за толеранција ќе ги промовира доблестите како основа за вредности во општеството во Обединетите Арапски Емирати.“

Премиерот најавил и основање на национална заедница за млади. Таа заедница ќе бида составена од елитни млади мажи и жени кои ќе ги советуваат младите. Заедницата ќе ја води жена, државната министерка за млади, која ќе има најмногу 22 години.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура