X
 12.05.2017 Живот

Едноставни социјални вештини на кои многу програмери забораваат

Ако работите како програмер во поголемиот дел од денот треба да се справувате со луѓе, без разлика дали праќате емаил, или разговарате на скајп. Притоа, кога пишувате одговор, дестинацијата за Вашите зборови е друга личност, а не само друг компјутер.

програмер

Вашата главна задача е да решавате проблеми што се прави со соработка на проекти со други луѓе. Но, дури и да работите во мала компанија сепак треба да знаете да се справите со луѓе на кои техничките науки не им се јака страна. Во оваа статија може да прочитате некои општи насоки што ќе Ви помогнат да ги подобрите врските на работа, но може да ги примените било каде:

Бидете многу љубезни
– може да бидете најпаметната личност во околината, но ако немате добри манири или ако Ви недостига љубезност, другите би можеле да не сакаат да соработуваат со Вас. Без разлика колку сте исфрустрирани не викајте на соработниците. Кога сте њубезни е поверојатно дека ќе оставите добар впечаток воопшто. Малите дела на љубезност како превезување до дома, споменување дека некој Ви направил услуга и слично, ќе придонесат другите да имаат позитивно мислење за Вас.

Бидете заинтересирани за Вашите колеги
– обидете се да разберете ако им е потребна помош и пробајте да им помогнете. Кога гледате дека се под стрес или анксиозни, разговарајте со нив за да им помогнете да го решат проблемот. Ако сте во можност да им помогнете, охрабрете ги и мотивирајте ги за да се почувствуваат важни.

Смејте се често – бројни научни студии имаат докажано дека насмевката ги прави луѓето попривлечни, релаксирани, искрени и самоуверени. Со други зборови, кога се смеете се зголемуваат шансите дека и другите ќе Ви се насмеат Вам.

Кажувајте „благодарам“ и „молам“
– без разлика дали се работи за мала или голема услуга, не заборавете да се заблагодарите. Луѓето ја ценат љубезноста и благодарноста. Ова не само што ќе придонесе Вашите колеги да се чувствуваат подобро, туку ќе придонесе и за Вие да се чувствувате исто така грижливи и со желба да помогнете.

Ценете ги напорите на другите и останете позитивни
– станете свесни за достигнувањата на другите без разлика на нивната големина. Размислете, можеби ги чинело многу напор и време за да се справат со одреден проблем, па веројатно е дека ќе им биде од особено значење кога ќе им покажете дека ги цените нивните напори.

Не воздржувајте се да се извинете
– Никој не е совршен и без разлика колку и да се трудите ќе се случи да направите грешка. Без разлика колку и да е таа мала, не се воздржувајте да се извинете. Иако тоа не одговара на Вашето его, од особено значење е за одржување врски со Вашите колеги. Иако мислите дека ќе му наштети на Вашиот имиџ, извинувањето го има спротивниот ефект. Ќе докажете дека сте совесно човечко суштетство.

Не критикувајте
– Критикувањето на другите често може да доведе до расипување на односите, повредување на нечии чувства и навреда. Понекогаш е добро да упатите критика, но внимавајте да бидете многу љубезни притоа. Ставете се во чевлите на другиот и набљудувајте од нивна перспектива и притоа љубезно информирајте го другиот за грешката.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот