X
 13.07.2017 Технологија

Новиот потег на „Фејсбук“ во врска со Месинџерот нема да ви се допадне


Месинџер апликација на смартфон
(Фото: Youtube screenshot)


Од „Фејсбук“ стигна соопштение дека во текот на следните неколку недели ќе почнат со воведување огласи на својата апликација Месинџер.

„Рекламите на Месинџер ќе почнат да им се прикажуваат на корисниците низ целиот свет. По успешните тестови направени во Австралија и Тајланд, стартува проширувањето на остатокот од корисниците. Сега ќе им понудиме на компаниите низ светот да пронаоѓаат целна публика за своите огласи“, стои во соопштението.

Огласите ќе се прикажуваат на главното мени на Месинџер, помеѓу поединечни прозорчиња со разговори.

Секој месец Месинџер ќе користи повеќе од 1,2 милијарда луѓе што, според мислењето на шефовите на оваа кампања, на огласувачите ќе им обезбеди подобри резултати во рекламните кампањи.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија