X
 17.09.2017 Живот

Питагорина чаша: „Количината е таа што одредува дали една супстанција е отров или лек“

чаша

Античкиот филозоф и математичар Питагора е познат по неговата теорема. Но дали сте слушнале за Питагорина чаша - симбол за умереност?

Имено, оваа чаша била наменета за луѓето кои пијат вино. Чашата дозволува виното да се пие во умерени количини. Доколку чашата се преполни, односно доколку личноста е алчна, целата содржина ќе истече низ дупката на стаклото. Оваа чаша имала цел да промовира една од доблестите што ги промовирала школата на Питагора - умереноста. Останатите се разумност, правда и храброст.

Меѓутоа, денес сè повеќе сме сведоци на потрага по голема среќа, успех и задоволство. Постојано ни треба повеќе. А колку повеќе имаме, толку повеќе сакаме. И така влегуваме во еден маѓепсан круг во кој секогаш пропуштаме нешто. Сè додека не сфатиме дека она што ни недостига е мерката.

Затоа, чашата на Питагора ја потврдува и дефиницијата на токсикологија која вели: „Количината е таа што одредува дали една супстанција е отров или лек“. Зошто умереноста е важна? Затоа што токму таа е еден од предусловите за внатрешна рамнотежа, спокој, радост и среќа. Богатството е во мерката.

Автор: Дијана Цариќ
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот