X
 17.12.2022 Живот

Винар им пушта музика од Моцарт на лозите за подобар вкус

Карло Чињоци е поранешен адвокат кој ја напуштил работата за да се посвети на винарството. Тој тврди дека неговото вино има подобар вкус благодарение на Моцарт.

Во неговото лозје се слуша само Моцарт, но тој не ја пушта музиката за себе, туку за виновите лози. Тврди дека музиката позитивно влијае врз растот на грозјето. Затоа, тој има поставено 126 звучници од кои се слуша музика од Моцарт 24 часа дневно во текот на целата година.

Многу истражувања покажале дека музиката е добра за растенијата бидејќи тие реагираат на музичката фреквенција. Растенијата реагираат различно на различни звуци, па така, премногу гласната музика може да биде штетна, а класичната музика се смета за најдобра.


По тоа се води и Карло, кој смета дека Моцарт е најдобар за производство на добро вино бидејќи неговата музика е најблиска до природата затоа што ги следи математичките низи на Фибоначи, кои се насекаде во природата.

- Музиката е вибрациски бран, а кога ќе се сретне со вибрацискиот бран што е во самото растение, се создава резонанција која создава забрзан метаболизам, благодарение на што имаме повеќе и побујни лисја, повеќе пупки, а со тоа и подобри гроздови - објаснил Карло.

Извор: Green
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот