X
 02.10.2017 Живот

Погрешните претпоставки за Ким Јонг-ун и Северна Кореја

кореја
Фото: АР

Бидејќи Североисточна Азија е на работ на конфликт што може да ескалира, поважно од кога било е да бидеме добро информирани за Северна Кореја.

Важно е да се погледне и анализира малку подлабоко за земјата и за нејзиниот лидер Ким Јонг-ун. Ова е тешко особено кога постојат погрешни претпоставки за Северна Кореја.

Хипотезата „Лудиот Ким“

Во комедијата „Тим Америка“ од 2004 година, таткото на Ким Јонг-ун, Ким Јонг-ил, е прикажан дека е луд. Оваа претпоставка е лоша основа врз која треба да се изгради политиката на Северна Кореја.

Поборниците на овој став укажуваат на извештајот за човековите права во Северна Кореја и социјалните контроли со цел семејството на Ким да остане единствениот авторитарен политички систем во Северна Кореја.

Додека самиот режим е одговорен за злосторствата против Севернокорејците, што може да се смета за злобно, ова не е доволно објаснување зошто се користат овие практики. Важно е зошто.

Станува збор за рационална стратегија. Потребно е да ги лоцираме Ким и неговиот режим во контекст на комплексните стимулации и ограничувања на преплетените политички, економски, културни и еколошки системи на Северна Кореја.

кореја
Фото: AFP

Кршењето на човековите права во Северна Кореја е резултат на мерките за консолидирање на нејзината внатрешна моќ.

Пипалата на принудната моќ на режимот, од институциите достигнуваат до секојдневниот живот на луѓето преку надзор, социјална контрола и идеолошка индоктринација.

Хипотезата за „ирационалниот Ким“


Ова значи дека треба да се отфрли хипотезата дека Ким е ирационален кога станува збор за човековите права. Човек треба да ја сфати единствената логика на надворешната политика на Северна Кореја. За таа цел, Северна Кореја смета дека воената сила е единствено сигурно средство за гарантирање на нејзината безбедност.

Надворешната политика на Северна Кореја генерално ја нагласува корисноста на воената сила како единствена веродостојна гаранција за безбедноста, во она што се смета за стратегиски непријателска средина. Нејзиното нуклеарно оружје и способностите за балистички ракети се крајно практичен израз на овој поглед кон светот.

3
Фото: AFP

„Паѓањето“ на официјалните изјави на Северна Кореја

Известувањето за Северна Кореја и за нејзината нуклеарна програма често се чини дека се одвива во паралелен универзум, каде што не постои огромна диспропорција помеѓу воената моќ и Америка.

Позицијата на администрацијата на Трамп се чини дека на севернокорејското лидерство гледа како на злобно и непредвидливо,  прифаќајќи ја идејата за „лудиот Ким“.

Таа гледа јасна и непосредна закана за Америка во програмите за нуклеарно оружје и балистички проектили на Северна Кореја и во пропагандата која се заканува дека ќе ја уништи Америка.

Лесно е да се чувствува страв од проекциите на хипотезата „лудиот Ким“. Сепак, стратегиската логика на таа позиција едноставно не одговара.

Пропагандните органи на Северна Кореја имаат долга историја на заканување на Америка, Јужна Кореја и Јапонија со уништување. Но треба да се има на ум дека ваквата реторика е средство на слабост, а не сила.

Северна Кореја е мала, изолирана и економски слаба земја опкружена со многу поголеми, просперитетни и воено софистицирани моќни земји. Нејзината влада има ограничен извор на потпора преку кој го обезбедува својот опстанок.

Проектирањето страв преку ваква реторика е една од најважните и најтестираните стратегии на Северна Кореја. Со ваквата реторика, Северна Кореја спречува која било надворешна сила да ја нападне.

Ова не значи дека треба да се отфрлат заканите од Северна Кореја, туку треба да се толкуваат во соодветен контекст.

3
Фото: AFP

Способноста и намерите не се иста работа


Од друга страна е моќната проекција на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја.

Клучна точка е да се нагласи дека воените способности не се изедначуваат автоматски со намерата да се искористат. Потребни се повеќе информации за способностите на воените технологии на Северна Кореја за да се изврши целосна процена на ризикот.

Анализата на севернокорејската стратегија во текот на еден долг период сугерира дека нејзиното раководство се грижи за опстанокот на земјата и смета дека е потребно нуклеарно оружје за да се одбрани од непријателите.

Погледнете малку подалеку од Ким

Медиумското покривање на Северна Кореја, кое се фокусира на Ким, иронично ја повторува официјалната пропаганда од Северна Кореја што го изедначува лидерот со целата земја. Реалноста на Северна Кореја е далеку посложена.

Злоупотребите на човековите права во оваа земја се добро документирани. Сепак, ова не значи дека секој жител во Северна Кореја е гладен или њ во логор.

Животниот стил на жителите во Пјонгјанг и оние од другите поголеми градови е релативно висок со севернокорејските стандарди. Ова функционира како поттик за граѓаните да ги следат правилата и добро да ги извршуваат своите професии.

Нуклеарните тестови на Северна Кореја и ракетните лансирања се провокативни. Сепак, треба да ја толкуваме оваа закана од информирана перспектива врз основа на докажана стратегиска логика, а не врз основа на карикатурирана погрешна претстава за раководството на земјата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот