X
 31.10.2017 Образование

39 студенти од Фармација и од Медицина добија стипендии од фондацијата „Трајче Мукаетов“

63 од 418 стипендирани студенти (15 отсто) во изминатите осум години се вработени во компанијата, која покажува висока општествена одговорност

Дваесет и еден студент од Медицинскиот факултет и 18 студенти од Фармацевтскиот факултет од Скопје во наредните 12 месеци ќе добиваат стидендија од фондацијата „Трајче Мукаетов“, известија денес на прес-конференција во „Алкалоид“. По 11-ти пат компанијата докажува дека е општествено одговорна и дека го помага образованието и влијае за негово подобрување.

Мукаетов им ги врачи еднократните стипендии на тројцата најдобри студенти (Невенка Ридова, Душко Шалабалија и Александра Зафировска (од лево кон десно))

Еднократна парична награда во износ од 1.200 евра, пак, добија двајца студенти од Фармација – Александра Зафировска и Душко Шалабалија (со просек 9.75) и од Медицина - Невенка Ридова (9.76). Оваа награда се доделува од учебната 2009/2010 година.
Во период од една година, избраните студенти според висина на просек и според социјален статус, ќе добиваат по 6.500 денари.

Претседателот на управниот одбор на фондацијата и директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, изрази задоволство што во сиве овие години доделиле 418 студентски стипендии, а од нив - 159 биле од Фармација и 129 од Медицина веќе се дипломирани.
- Шеесет и тројца од дипломираните стипендисти веќе работат во „Алкалоид“. Тоа не прави посебно горди. За нас е посебно важно што сме општествено одговорна компанија и се трудиме да помогнеме секаде каде што можеме – истакна Мукаетов.

Ректорот Никола Јанкуловски изрази благодарност за соработката, истакнувајќи дека во доделувањето на стипендиите е клучен втор пат во улога на ректор, а седми пат како декан.



- Медицинскиот и Фармевтскиот факултет се најдобро рангираните факултети од овие области во земјата. Со „Алкалоид“ имаме одлична соработка, заеднички проекти, клинички студии, проекти за студенти и специјализанти, кои дел од стажот го поминуваат во „Алкалоид“. Изразувам огромна почит кон доајенот Трајко Мукаетов, кој отсекогаш имаше чувство за младите талентирани студенти и за Живко Мукаетов, за реализацијата на значајната хумана мисија. Заедно придонесуваме за развојот на здравствениот систем на Македнија, оти младите таленти играат огромна улога во неговото зачувување и подобрување – рече Јанкуловски.

На прес-конференцијата се обратија и деканките на Фармација, проф.д-р Светлана Кулеванова и на Медицина, проф.д-р Соња Топузовска. И двете истакнаа дека за нив овој ден е свечен момент, посебно што оваа соработка со фондацијата „Трајче Мукаетов“ и со „Алкалоид“, дава голема надеж дека дел од студентите во иднина ќе бидат дел од успешната компанија.

Согласно јавниот конурс, изборот на стипендистите го усвојува Управниот одбор на Фондацијата, по предложена елимнинарна листа од комисиите за распределба на стипеднии. Од Фондацијата објаснуваат дека доколку студентите ги исполнат условите, стипендиите им продолжуваат и во текот на наредната учебна година.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование