X
 24.11.2017 Живот

Костарика е пример за светот - 300 дена со енергија само од обновливи извори

Во јануари Костарика најави дека ја зголемила електричната моќ за неверојатни 250 дена во 2016 година без согорување фосилни горива. Сега, во 2017 година, рекордот е надминат, а годината уште и не е завршена.


Досега во Костарика вкупно 300 дена поминале со користење енергија од обновливи енергетски извори, што е голем напредок за земја со 5 милиони жители. Енергијата ја снабдува до 5 обновливи извори: хидроенергија (78,26% од енергијата), ветер (10,29%), геотермална енергија (10,23%), биомаса и соларна енергија (0,84%) и јаглеводороди (0,38%).

Кога обновливите извори се недостапни, во земјата се користи термална заднина за генерирање енергија. Земјата уште користи фосилни горива за возила што функционираат на бензин, како и за затоплување на згради со гас. Но, сепак, во споредба со други земји од светот, Костарика е одличен пример за тоа како обновливите извори на енергија можат да бидат олеснување за сите, во смисла на побарувачката за електрична енергија за цела една нација.

Костарика е релативно мала, а придобивките од животната средина придонесуваат за големо користење на хидроенергијата. Експертите советуваат повеќето земји да ја применат политиката на Костарика на долгорочен план, особено поради зголемените емисии на јаглероден диоксид и покачувањето на глобалните температури, кои доведуваат до загриженост за неизвесната иднина.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот