X
 24.09.2015 Живот

Повеќето Германци веруваат во вонземјани

Повеќето Германци веруваат во интелигентен живот надвор од нашата планета, вели анкетата направена од „YouGov“.

 

германци


Истражувањето направено од избирачката фирма покажува дека 56% од Германците веруваат дека постои интелигентен вознемски живот надвор од нашата планета, со способност да комуницира.

Верувањето во вонземски живот е почесто кај мажите отколку кај жените, со 61% ка мажите, и околу 51% кај жените. На прашањето зошто вонземскиот живот се`уште не е пронајден, повеќе од една петтина (околу 21%) од Германците веруваат дека тие знаат дека ние постоиме, но се`уште немаат одлучено да не` контактираат.

Поголемиот дел од нив (околу 59%), сметаат дека нашата планета е многу далеку за да се овозможи контакт, а околу 51% мислат дека немаме доволно напредна технологија која би овозможила контакт.

Тие се поделени во врска со тоа дали треба да се направат повеќе напори за да се поврзат со вонземјаните, а 45% мислат дека ова е вреден подвиг.

Американската вселенска агенција НАСА спроведува истражување за вонземскиот живот, а истражувачите таму веруваат дека ќе можат да го пронајдат во следните две до три децении. Но, оние кои го чекаат контактот со интелигентниот живот на другите планети, можеби ќе треба да почекаат уште малку.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот