X
 19.12.2017 Живот

Германија бара над 100.000 работници: Ова се професиите за кои се нудат работни места

germanija

Германската економија доживува нов бум, а недостатокот на млади квалификувани луѓе е сериозен проблем. Затоа, компаниите бараат работници од целиот свет. Германските работодавци во третиот квартал од оваа година, се соочиле со најголем недостаток на соодветна работна сила досега.

Централната агенција за вработување направи листа од околу 110 професии каде што најмногу недостигаат работници. Во оваа категорија спаѓаат професиите како инженери, специјалисти за ИТ, лекари и здравствени работници, тргоци и различни занаетчиски занимања.

Во германскиот здравствен систем најмногу недостасуваат доктори, медицински сестри, терапевти и фармацевти.

Исто така, се бараат и водоинсталери, монтери на клима уреди, санитарни работници, молери и фасадери.

И туризмот се соочува со недостаток на работна сила. Во овој сектор најмногу се бараат работници од сите професии поврзани со работа во хотел и ресторан. Се напоменува дека е потребно основно познавање на германскиот јазик - во спортивно, пронаоѓањето на работа е прилично тешко.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот