X
 04.03.2018 Живот

Ако често имате видеосостаноци, треба да ги следите овие чекори

канцеларија
Фото: Marija Lokke

Кога работите во канцеларија, групните видеоповици се честа работа. Рут Шерман, која обучува познати личности и директори како да се однесуваат професионално во дигитална средина, споделува неколку совети за тоа како да добиете совршени перформанси за време на овие повици.

1. Поставете ја сцената

Поставете го лицето со поделба на рамката во хоризонтални третини, а потоа израмнете ги очите со третата рамка без да го пресечете челото. Исчистете ја заднината од нередот.

2. Правилна светлина


Немојте да седите зад светлина или прозорец - ќе ве претвори во силуета. Природната дневна светлина од предната страна е најдобра. Ако тоа не е возможно, ставете ламба зад вашиот екран.

3. Внесете се во улогата

Облечете се за камерата: боите подобро го претставуваат човекот. Немојте да се движите како што би се движеле на состаноците што се одржуваат лице в лице, и останете во рамките на камерата. Гледајте во камерата, а не во екранот. Таму се луѓето, и на тој начин воспоставувате контакт со очите.

4. Управувајте со аудиото

Проверете дали вашата звучна опрема е поврзана и работи пред да започне состанокот.

5. Бидете присутни

Немојте да правите нешто друго додека го одржувате состанокот. И немојте да го прекинувате видеото без објаснување - тоа е исто како да заминете од просторијата без никакво оправдување. Ако ви е потребна пауза, добро би било да објасните дека ќе се вратите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот