X
 21.12.2017 Култура

Европскиот суд за правда пресуди: „Убер“ е такси-компанија, а не дигитален провајдер!


Такси-апликација на смартфон
(Фото: Getty images)


Европскиот суд за правда пресуди дека „Убер“ е компанија што нуди превозни, а не дигитални услуги, како што досега тврдеа од компанијата. Сега членките на ЕУ имаат „црно на бело“ дека смеат да му одредат строги правила и прописи за работа на „Убер“.

Од компанијата „Убер“ тврдеа дека се информатичко друштво кое на луѓето им обезбедува начин меѓусебно да се поврзат преку електронски пат, но не се такси-компанија.

Случајот беше отворен во Барселона каде што локалните власти му наложиле на „Убер“ дека мора да ги почитува тамошните прописи што важат за сите такси-служби. Порано „Убер“ тврдеше дека негативната одлука нема на влијае врз неговата оперативност, иако експертите го тврдат спротивното.

Во пресудата на судот се наведува дека согласно европските закони, компанијата мора да се класифицира како давател на превозни услуги, а дека државите-членки треба да ги регулираат условите под кои се нудат таквите услови во согласност со општите правила.

Од „Убер“ порачуваат дека одлуката во повеќето земји-членки нема да донесе никакви промени затоа што таму веќе работаат според законите за транспорт.

Убер“ е една од најбрзорастечките компании меѓу стартапите. Компанијата досега се бранеше од обвиненијата дека се работи само за платформа која ги поврзува возачите и клиентите во повеќе од 600 града. Противниците на овој сервис истакнуваа дека станува збор за нелојална конкуренција со возачи кои се аматери и кои не мора да плаќаат обуки, дозволи и даноци.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура