X
 11.04.2018 Култура

Голем удар за „Убер“: Ќе се казнуваат возачи без такси-дозволи


Такси возила
(Фото: Pixabay)


Франција има право да поведе казнена постапка против менаџерот на технолошката компанија „Убер“ поради организација на нелегална такси-служба, пресуди Судот за правда на Европската Унија.

„Земјите членки можат да забрануваат и да казнуваат незконски активности на транспорт во контекст на услугите на ’УберПоП‘ и не се должни да ја известат Комисијата пред упатување предлог за соодветен закон во процедура “, истакна во соопштението Европскиот суд.

Конкретниот спор се однесува на ангажирањето возачи без такси-дозволи во рамките на услугата на „УберПоП“ во Франција, која во меѓувреме е стопирана.

Во „Убер“ тврделе дека Франција пред да го стави предлог-законот во парламентарна процедура требало да го прати пред Европската комисија за потврда, што не било реализирано. „Затоа и казнените пријави против двајца менаџери во Франција се неважечки“, коментираа од оваа компанија.

Меѓутоа, по пресудата од Европскиот суд во „Убер“ ја смениле приказната:

„Како што истакна нашиот извршен директор, регулирањето на услуги како на ’Убер‘ сосема е соодветно и затоа ќе го продолжиме дијалогот со градовите низ Европа“, соопштија од компанијата.

Според европските закони, земјите членки на ЕУ мораат да го известат Брисел за нацрт-законите што се однесуваат на дигитални услуги со цел да не го нарушат рамноправниот трговски натпревар при нивната имплементација.

Европскиот суд за правда донесе пресуда дека таа обврска не важи во конкретниот случај со Франција со оглед што „Убер“ нуди услуги за превоз според законите на ЕУ.

Компанијата е соочена со регулаторни и правни препреки во многу земји од светот поради отпорот на класичните такси-компании и веќе се повлече од унгарскиот и од данскиот пазар, потсетува „Ројтерс“.

Минатата година Лондон утврди дека компанијата не може да дава такси-услуги во тој град, при што беше одземена дозволата за работа. „Убер“ поднесе жалба на таа одлука. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура