Фото: Printscreen/YouTube
Со драматична музика на Ханс Цимер, со која започнува и завршува видеото, видеотворецот Оли Бие го прикажува напредокот на човештвото од Африка, и во секој агол од сите континенти во светот.
Реални, документирани населби, градови, империи, и цела цивилизација се зголемува и опаѓа, како компјутерска игра, со постојано ажурирана глобална популација и листа на цивилизации активни во тековната година, како и повремени забелешки за политиката и дипломатијата,
општеството и културата и пронајдоците и откритијата. Сето тоа се случува за помалку од 20 минути.