X
 26.01.2018 Живот

Отворен повик за млади за учество на панел дискусија „Колку се почитуваат работничките права на младите?“

Ги покануваме заинтересираните млади, студенти, невработени и вработени лица да учествуваат на панел дискусијата „Колку се почитуваат работничките права на младите во Република Македонија?“ во среда, 07 февруари 2018 година, со почеток во 11.00 часот во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје.



Оваа панел дискусија се организира во рамките на Националната кампања „365 работнички права за младите“ и има за цел да се дискутираат моменталните состојби и текови за почитувањето на работничките права со фокус на младите работници. Воедно на настанот ќе се презентираат наодите од анкетата „Колку
младите ги познаваат своите работнички права“, и ќе се најави почетокот на Националната кампањата преку презентација на активностите што следуваат. Кампањата ја спроведуваат Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, Факултети.мк и Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија.

Заинтересираните лица треба да ја пополнат апликацијата за учество достапна на следниот линк ПРИЈАВА најкасно до 05.02.2018 година.

На панел дискусијата ќе присуствуваат претставници на институции, граѓански организации, бизнис сектор и млади кои ќе имаат можност да се вклучат во дискусијата.

Целта на кампањата е да се подигне свеста кај младите за нивните работнички права кои им се загарантирани во согласност со Законот за работни односи. Предвидените активности од кампањата обезбедуваат средби помеѓу младите работници, работодавачите и донесувачите на одлуки на локално и национално ниво со цел подигнување на свеста за гарантирање на правата на работно место.

Ве очекуваме на настанот!

Кампањата „365 работнички права на младите” се спроведува со поддршка Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Државниот Инспекторат за Труд.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот