X
 26.04.2018 Живот

Интересен повик на исландска авиокомпанија! Нуди 3.300 евра месечна плата!

Исландската компанија „Вау ер“ бара двајца пријатели што сакаат заедно да патуваат низ светот ова лето. Задачата ќе им биде да прават влогови и да пишуваат блогови за искуствата што ќе ги доживеат, а, се разбира, за тоа ќе им следува надоместок.

avio
Фото: Thinkstock

Нискобуџетната авиокомпанија на 23 април објави оглас во кој се наведува дека бара интересна двојка што има капацитет да мисли „големо“.

Избраната двојка од 1 јуни до 15 август ќе биде сместена во апартман во Рејкјавик, а заработувачката ќе им се исплаќа месечно.

Таму ќе им биде базата од каде што ќе одат на разни дестинации во Европа и во Северна Америка, а во меѓувреме ќе го истражуваат и Исланд.

Исто така, ќе имаат слобода сами да ги избираат дестинациите што ќе ги посетуваат – на пример Стокхолм, Барселона, Лос Анџелес  или Њујорк.

Месечната заработка ќе изнесува 3.300 евра, покрај веќе обезбедени сместување, превоз и туристичките тури низ Исланд.

Нивна задача ќе биде своите содржини – блогови, фотографии, гифови и други објави – да ги споделуваат на интернет, но и на страницата на авиокомпанијата.

На огласот можат да се пријавуваат сите заинтересирани лица, без оглед на местото на живеење. Со пријавата треба да достават и двеминутна видеоснимка на која инвентивно ќе го претстават својот град.
Пријавувањето трае до 14 мај, а четири дена подоцна компанијата ќе ги соопшти имињата на избраната двојка.

Сите заинтересирани можат да се пријават ТУКА.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот