X
 02.02.2018 Живот

ЕУ планира да ги одвикне луѓето од пиење вода од пластични шишиња

Европската Унија планира да ги промени своите правилници за квалитетот на водата за да спречи нова можна опасност за здравјето, па го ограничува пластичниот отпад.


Планот е ЕУ да им ја намали желбата на луѓето да пијат вода од пластични шишиња. Европската комисија соопштила дека новите правила ќе ги задолжат 28 земји членки да го подобрат пристапот кон водата за пиење и подобро да ги информираат граѓаните за квалитетот на водата, без разлика дали станува збор за вода од чешма или од шише.

ЕК наведува дека тој потег ќе ја зголеми довербата во локалните водоводи и ќе ги одвикне луѓето од водата во шишиња, бидејќи пластичните шишиња за вода се најбројните предмети за еднократна употреба на плажите во Европа.

Цената на вода од чешма изнесува околу 0,2 евра за литар, што е многу поевтино од водата во пластични шишиња. Потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс, изјавил дека доколку луѓето знаат што е поевтино за нив, а со тоа не го ризикуваат здравјето, можат да направат друг избор.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот