X
 25.01.2017 Технологија

Каков ќе биде животот во 2022 година - предвидувања на компанијата „Ај-би-ем“

Гигантот за технологија „Ај-би-ем“ е познат по тоа што секогаш презентира предвидувања за иднината, а сега ја соопштуваат и најновата листа на иновации кои според нив, ќе имаат најголемо влијание на нашите животи во следните пет години.

1.  Благодарение на вештачката интелигенција, нашиот  говор ќе биде прозор до нашето ментално здравје


Можете многу да кажете за некого, врз основа на начинот на кој зборува – дали  му е здодевно, лошо или добро. Компанијата предвидува, дека за пет години, она што го зборуваме и пишуваме ќе биде користено како индикатор за нашето ментално здравје и физичка состојба. На пример, Паркинсоновата болест ќе може да биде забележана порано, благодарение на апликации на мобилните телефони, калкулации пресметани со помош на вештачка интелигенција и слично.

2.  Суперхеројска визија ќе биде возможна со вештачка интелигенција и нови моќни уреди


Мали, но многу моќни камери комбинирани со брзо процесирање на вештачка интелигенција ќе можат да забележуваат многу повеќе до 2022 година. Инфрацрвени слики, микробранови, ќе можат да се забележуваат преку мали уреди.

ibm
Фото: IBM

3.  „Макроскопи“ ќе ни помагаат во разбирањето на комплесксноста на Земјата и нејзините детали


Компанијата предвидува дека „макроскопските“ системи ќе помогнат во анализирање на нештата од поинаква перспектива.  Технологијата ќе ни овозможи многу повеќе информации преку сателити, паметни сензори и станици за временски услови, а со тоа и подобра организација на истите.

4. „Лаборатории во чип“ ќе извршат револуција во медицината

Дијагностицирање, третирање на болести со помош на нанотехнологија. Детектирање на речиси невидливи траги кои веднаш ќе ни даваат до знаење дали треба да посетиме лекар. Комплетна биохемиска лабараторија на дофат на рака.

5. Паметни сензори ќе детектираат загадување на животната средина


Комбинација од паметен хардвер и анализа на вештачка интелигенција ќе биде користена за детекртирање на загадување побрзо од кога и да е. Сензорите ќе бидат поставени во земјата како и во беспилотни летала и веднаш ќе ја откријат локацијата на загадувањето.

Тешко е да се предвиди иднината, но споменатите технологии се веќе во развој од страна на истражувачки тимови во светот, па прашање е само кога ќе бидат достапни за користење.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија