X
 03.02.2018 Образование

Девојките се подобри од момчињата во математика и во наука насекаде низ светот

tehnologija

Како што Силиконската долина се бори да воспостави разновидност во халите на технолошките компании каде што доминираат мажи, така новото истражување покажува дека жените имаат природна предност.

Во 70 отсто од земјите каде што се достапни статистичките податоци, Дејвид Гири од Универзитетот во Мисури и неговиот истражувачки тим откриле дека девојките со големо мнозинство ги надминуваат нивните машки колеги. Тимот имал пристап до стандардизиран меѓународен тест, програмата за меѓународна оценка на учениците (ПИСА) и резултатите од 1,5 милион студенти.

„Дури и во земјите каде што слободата на жените е строго ограничена откривме дека девојките ги надминуваат момците во читање, математика и во научна писменост до 15 години, без оглед на политичката, економската, социјалната или родовата еднаквост и политиката што се наоѓа во земјите“, вели Дејвид Гири.

Истражувачите не даваат хипотеза за тоа зошто жените имаат подобри резултати, но во голема мера ги отфрлаат факторите на животната средина. Некои од земјите што го земаат ПИСА-тестот ги третираат мажите и момчињата како супериорни наспрема жените, меѓутоа и ова не го променува академскиот исход.

„Резултатите покажуваат дека посветеноста на родовата еднаквост сама по себе не е доволна за да ги затвори празнините во постигнувањата во глобалното образование; јазот не се зголемува. Иако е од витално значење да се промовира родовата еднаквост во училиштата, треба да обезбедиме поголемо сфаќање за тоа зошто овие празнини опстојуваат и кои други политики можеме да ги развиваме за да ги затвориме“, објаснуваат истражувачите.
 
Со други зборови, не е општиот недостиг на почит кон еднаквоста тој што ги турка девојчињата назад. Дури и во земјите каде што жените не се третираат соодветно, тие ги надминуваат своите машки колеги. Сепак, во земјите каде што жените имаат релативна еднаквост, тие не се одлучуваат да учат математика, наука и инженерство - иако имаат огромна способност за овие предмети.

Постои нешто во начинот на кој ги едуцираме, укажува истражувањето, со што девојките се спречени да го продолжат патот кон технолошка кариера.

Некои училишта открија дека начинот на кој се одржуваат часовите ги поттикнува или обесхрабрува повеќето жени во науката. Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија се обиде со воведување час за компјутерската наука, кој е доста соработувачки и првпат постигна мнозинство жени.

Сè уште е отворено прашањето дали другите ќе можат да ги повторат овие успеси, меѓутоа, најновото истражување покажува дека жените не се природно инфериорни во однос на мажите во математиката и во науката. Всушност, тие се природно подобри.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование