X
 24.06.2016 Наука

Одобрено клиничко тестирање за првиот лек против стареење

стареење

 

Дали навистина можеме да се надеваме дека научниците конечно пронашле начин да го забават процесот на стареење? Соединението мононуклеотид никотинамид (NMN) дава надеж за зголемување на животниот век на глувците, и се очекува да започне со клиничко тестирање кај човекот за прв пат.


Следниот месец, лекот ќе се тестира врз 10 здрави волонтери со цел научниците да видат дали ќе го забави стареењето без било какви несакани ефекти. Ако резултатите се позитивни и лекот ќе биде дозволен за јавна употреба, ќе биде првиот вистински производ за анти-стареење на пазарот.

Соединението го стимулира производството на класа протеини наречени сиртуинс, кои обично стануваат послаби како што човек старее.

Кога бил тестиран врз глувците, лекот покажал дека го запира природниот пад на метаболизмот, видот и нетолеранцијата на гликоза - сите овие процеси имаат тенденција да опаѓаат како што човек старее. Прашањето е - дали може лекот да има ист ефект и кај луѓето?

Глувците често се користат за тестирање на третмани бидејќи имаат 95 до 98% од нашите геноми и се погодени со истите болести. Со тоа кажано, постои доста големо сомневање за тоа како тестовите врз глувците ќе функционираат на човечкото тело, па затоа останува да почекаме и да видиме како лекот ќе влијае врз луѓето.

Клиничкото тестирање ќе биде направено од Кеио Универзитетот во Јапонија со помош на Вашингтон Универзитетот во Сент Луис. Темата стареење е честа во Јапонија, кадешто 40% од населението ќе биде над 65 години до 2055 година.

„Ние го потврдивме извонредниот ефект во експериментот користејќи глувци, но се'уште не е јасно колку соединението ќе влијае врз луѓето“, вели водечкиот истражувач Шин-ичиро Имаи. „Ние внимателно ќе го спроведиме истражувањето кое се надевам дека ќе резултира со значајни наоди“.

Додека соединението може да биде првиот лек против стареење кој ќе се појави на пазарот, далеку дека е единствениот кој моментално се произведува. Минатата година, експерименталниот лек за Алцхајмерова болест наречен J147 откри дека има неколку ефекти против стареењето. Исто така, лекот метформин против дијабетес се тестира врз луѓето како лек против стареење. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука