X
 23.02.2018 Наука

Откриено зошто крвта на младите луѓе може да го подмлади стариот мозок

krv
Фото: Getty Images

Научниците ги подмладувале старите глувци со инфузии не само од крвта на помладите глувци, туку и од крвта на тинејџери-луѓе. Тие конечно ги имаат првите индиции за тоа зошто функционира оваа чудна техника.

Истражувачите откриле ензим што помага да се спаси мозокот што старее од когнитивен пад. Досега тоа е докажано само кај глувците, но ако се пронајдат исти механизми кај луѓето, може да доведе до нова класа на терапии против стареење.

Пред четири години истражувачи предводени од невробиологот Саул Виледа од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско откриле дека кога на постарите глувци им се даваат инфузии со крв од помладите глувци, тоа ја подобрувало нивната меморија преку подобрување на врските во хипокампусот. Тие исто така откриле дека кога на помладите глувци им се дава „стара крв“, тоа доведува до зголемување на когнитивното стареење. Оттогаш, лабораторијата на Виледа ја бара тајната за оваа фонтана на младоста. Сега тие мислат дека конечно ја откриле мистеријата.

Тимот користел техника наречена парабиоза, што вклучувала хируршко поврзување на циркулаторните системи на пар глувци од различни возрасти. Потоа, истражувачите го анализирале мозокот на глушецот за да ги измерат нивоата на ензимот за кој се верува дека е вклучен во некои болести поврзани со стареењето.

„На почетокот не можев да верувам“, вели водечкиот автор на истражувањето, Џерладин Гонтие.

„Го направив експериментот повторно и повторно за да се осигурам дека резултатите се во ред. Но, стана јасно дека некој циркулирачки фактор во крвта е способен да го промени нивото на Тет2 во мозокот“, додава тој.

Тет2 е познат дека игра улога во епигентската регулаторна активност во голем број гени. Како што старееме, мутациите во генот за овој ензим се акумулираат, што доведува до зголемен ризик за рак, мозочен удар и кардиоваскуларни болести.

Некои од гените што ги „означува“ се одговорни за регенерирање на мозочните клетки. Фактот дека станува помалку ефикасен како што старееме објаснува за нашиот когнитивен пат во подоцнежните години.

Пронаоѓањето на покачени активни нивоа на Тет2 во хипокампи на постарите глувци било црвено знаме што гарантирало понатамошни испитувања, па така истражувачите направиле втор експеримент со користење кратки секвенции на РНА за да ја блокираат Тет2 активноста кај 3-месечните глувци.

Како резултат на тоа, сите помлади глувци имале намален број на сосема нови неврони во нивниот хипокампус. Кај нив се влошиле и тестовите за учење и меморија.

Во последниот експеримент тимот дизајнирал вируси што ги принудувале клетките на хипокампусот да пумпаат Тет2 кај возрасните глувци, сите на возраст од околу 6 месеци. Уште еднаш, повисоките ензимски нивоа го зголемувале епигенетското „означување“ и биле имплементирани во производството на свежи нови мозочни клетки.

Иако подмладувањето не им помогнало на сите во сите тестови за меморија, имало умерени подобрувања.

„Ова беше неверојатно бидејќи е еквивалентно на подобрување на меморијата кај здрав, 30-годишен човек“, вели Виледа.

Колку и да е возбудлива идејата, мораме да запомниме дека е докажана само кај глувците. Но постојат добри причини научниците да претпоставуваат дека овие процеси се јавуваат кај луѓето, меѓутоа, потребни се понатамошни студии.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука