X
 13.04.2021 Наука

НАСА сподели неверојатна фотографија од сини дини на Марс, направени од орбитерот „Одисеја“

Во четвртокот НАСА објави неверојатна фотографија од море од дини на Марс. Фотографијата прикажува и извајани линии од ветер што ја опкружуваат замрзнатата северна поларна капа на Марс.

Делот што е фотографиран претставува област широка 30 километри. Морето од дини всушност опфаќа површина голема колку Тексас.

Боите на фотографијата се репрезентативни. Сината боја претставува постудена клима, а нијансите на жолтата боја ги означуваат „дините загреани од Сонцето“.

Фотографијата е направена од комбинација на слики фотографирани од „Системот за фотографирање термички емисии“ што се наоѓа на орбитерот „Одисеја“ на Марс.

Направени во периодот од декември 2002 до ноември 2004 година, фотографиите се објавени по повод 20-годишнината на „Одисеја“.

„Одисеја“ претставува роботско вселенско летало што кружи околу Марс и со помош на термичка камера открива докази за вода и мраз на планетата. Орбитерот беше лансиран во 2001 година, што го прави најдолготрајното вселенско летало на Марс во историјата.

nasa
Фото: NASA/JPL-Caltech/ASU

Извор: Insider.com
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука