X
 20.12.2015 Наука

Интернетот нe` тера да се сомневаме во она што веќе го знаеме

Колку и да доминира интернетот во нашите животи денес, тоа е еден од најновите изуми и поради тоа, научниците не знаат многу за тоа како ова глобално „складиште“ на информации влијае врз нашето размислување на долг рок.


Сега, новите истражувања покажуваат дека еден пропратен ефект на постојан пристап на интернет е сомнежот кој се раѓа во нас за тоа што мислиме дека знаеме.

Со други зборови, дури и ако веќе знаете дека Париз е главен град на Франција, сепак вие ќе пребарате онлајн за да бидете сигурни - со тоа што на располагање го имате акумулираното знаење од целиот свет толку лесно и достапно, значи дека нашите мозоци имаат тенденција да не размислуваат тогаш кога не е потребно.

Во истражувањето предводено од тимот од Универзитетот во Ватерло во Канада, учествувале околу 100 луѓе. Кога им биле поставувани прашања од општа култура, половина од учесниците имале пристап до интернет за да можат да ги пронајдат одговорите кои не ги знаеле - учесниците тврделе дека не го знаат одговорт пред да ги проверат фактите онлајн. Истражувачите ја забележале оваа мала но забележлива пристрасност кон сомневањето на сопственото знаење доколку на располагање ни е интернетот.

Истражувачкиот центар Пју, неодамна изјави дека 1 во 5 Американци се речиси постојано онлајн, додека 73% изјавиле дека секој ден се приклучуваат на интернет. Со оглед на тоа што интернетот е толку распространет и лесно достапен, научниците мислат дека ние природно започнуваме да не помниме задачи, датуми, спомени и факти - го користиме интернетот како групна меморија или трансактивна меморија која е поголема од онаа на било кој човек.

„Со присутноста на интеренетот, ние сме речиси во постојана врска со големи колични на информациите“, вели еден од канадските истражувачи, Еван Риско.

„И кога овие податоци ни се на дофат, се чини помалку веројатно луѓето да се потпрат на сопствените знаењеа. Нашите резултати сугерираат дека пристапот до интернетот влијае врз одлуките што ги правиме во врска со она што го знаеме и не го знаеме“, додава Риско.

Риско и неговиот тим шпекулираат дека со зголемувањето на интернетот може да се направи да биде помалку прифатливо да знаеме нешто и потоа да го сфатиме погрешно. Исто така можно е мозокот да го наградува процесот на потрага по нешто онлајн и добивање на потврдување, што може да биде уште една причина за тоа зошто му се „обраќаме“ на интернетот за нашите одговори. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука