X
 18.12.2022 Наша тема

Државата нема слух за меѓународните натпревари, на училиште прават мебел и го подаруваат, насилството меѓу тинејџерите... Што пишувавме неделава

Отсекогаш сакав да бидам професор, вели Виктор Стојкоски, награден со признанието „Успешни млади“ во областа на општествените науки

Сметам дека кај нас, иако не е најидеално, постои можност да се развива фундаментална наука. Меѓутоа, за да се случи тоа, неопходен е слух од државата и помош од македонските научници во странство кои сакаат да го споделат своето искуство за тоа како функционира научниот систем, смета Виктор Стојкоски

Насилството меѓу тинејџерите и кон своите родители зема сѐ поголем замав. Како да се спречи тоа, советува психотерапевтот Наташа Маџевска

Разговаравме со гешталт-психотерапевтот Наташа Маџевска за тоа кои се причините за насилното однесување кај децата кон своите врсници и кон родителите, дали социјалните мрежи имаат улога во тоа и како да се спречат ваквите постапки.

Грипот, РСВ и моракселата ги испразнија градинките, а ги наполнија болниците. Родителите навреме да реагираат, советува педијатарот Ангелчо Андоновски

Масовна социјализација, недолекување на веќе болните деца, нивно носење во градинки и училишта, ослабениот имунитет кај децата, непочитувањето на протоколите за имунизација и навремена имунизација. Огромен е бројот на причини поради кои ни се случува овој ураган од разболени деца во овој период, со што се намали бројот на деца во градинките и во училиштата, а се зголеми бројот на деца што ги посетуваат амбулантите и педијатриските одделенија, вели Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар

На училиште изработуваат мебел и постелнини, па ги донираат по болници и училишта - хуманоста на учениците од СОУ „Никола Карев“ во Струмица

Интересот за струките расте, а на шумарско-дрвопреработувачката се запишуваат дури и девојчиња.
Ем вредни ем хумани! Вака може да се опишат учениците од шумарско-дрвопреработувачката и текстилната струка во Средното општинско училиште „Никола Карев“ во Струмица. Покажувајќи ја својата општествена одговорност, тие деновиве изработија бироа за потребите на одделението за радиологија при Општата болница во Струмица.

Државата нема слух за меѓународните натпревари, освен за фотографирање откако ќе се вратиме со медали, вели проф. Боце Митревски, дел од македонскиот олимписки тим во Колумбија

Сите тестови беа комбинација на содржини од физика, хемија и биологија, односно бараа интердисциплинарен пристап во разбирање на суштинските работи од природните науки. За сето тоа беше потребна и добра основа од математика, вели д-р Боце Митревски, еден од водачите на македонскиот олимпискиот тим на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември во Богота, Колумбија, кој воедно е и вонреден професор на ПМФ.

Лизгалишта, елки, базари - и покрај енергетската криза, главните градови на земјите во регионот светнаа пред празниците

Во Скопје украсувањето почна на 15 декември, а градоначалничката Данела Арсовска најави содржини за најмалите, новогодишен базар во центарот на градот, мини-забавен парк и новогодишна програма иако нема да биде во онаа мера како минатите години со оглед на енергетската криза.


Издвојуваме

Наша тема