Испечатен тродимензионален модел на срце на млад пациент денеска бил презентиран во „Жан Митрев клиник“.
Преку оваа нова технологија, печатење органи, може да се направи комплетната анализа на нивната состојба и да се види како реално изгледаат, па врз основа на тоа да се постави и вистинската дијагноза.
- Ова е ново достигнување на медицината во областа на дијагностиката. Станува збор за 3Д-наод на еден пациент што требаше да биде опериран од вродена срцева маана. Требаше да му се изврши операција на срце, меѓутоа, некои од параметрите не беа јасни и имаше различни мислења од нашиот тим и од странски консултанти. Така јас одлучив првпат во земјава да направиме репродукција на компјутерскиот наод. Суштинското прашање за овој пациент беше дали е за операција – вели д-р Митрев.
По анализата на испечатеното срце лекарите заклучиле дека пациентот не е за операција. Со аномалијата на срцето тој може да живее одреден број години и за него решение е трансплантација на срце.