Финска, земја која со години ја држи титулата најсреќна нација на планетата, сака да ја сподели својата тајна формула со светот, и тоа целосно бесплатно.
Финска токму сега го отвори глобалниот конкурс и нуди седумдневен престој во својата недопрена природа, а сите трошоци за патување и сместување ги покрива државата.
Дестинацијата е финскиот Лејкленд, најголемиот регион со езера во Европа каде што има илјадници езера и зелени шуми, а фокусот е на бавниот ритам на животот и дигитален детокс.
Целта на оваа иницијатива е да им го приближи на гостите начинот на живот кој Финците најмногу го ценат во летниот период. Наместо градскиот метеж, се нудат:
- риболов на мирни езера;
- планинарење низ густите нордиски шуми;
- познатата финска сауна и „рестартирање“ на организмот во студена вода;
- уживaње во локални специјалитети подготвени од природни производи.
Хели Хименез, директорка за маркетинг во организацијата „Бизнис Финланд“, објаснува дека туристите често доаѓаат барајќи одговор на прашањето зошто Финците се толку среќни. Одговорот се крие токму во Лејкленд. Тоа е место каде што одат Финците кога сакаат да се „исклучат“ од модерниот свет.
Како да добиете бесплатно патување?
За да станете еден од избраните гости во јуни 2026 година, правилата се едноставни. Треба да снимите кратко видео и да го објавите на вашиот инстаграм-профил или вашиот тик-ток профил. На видеото треба да објасните што би значел одмор во Финска за вас и зошто ви е потребно тоа „рестартирање“.
Пополнете ја пријавата на официјалната веб-страница на проектот.
Рокот за пријава е 29 март 2026 до 23:59 часот, а патувањата ќе се реализираат во текот на јуни. Пријавувањето може да се направи
ТУКА.
Извор:
Nova.rs
Фото: Freepik