На самите почетоци на јавните капалишта, луѓето не се соблекувале, не се забавувале, а најчесто и не се капеле. Пливањето било препорачано од лекар, а времето на плажа повеќе се користело за дружење и прошетки.
Богатите Британци биле меѓу првите што пројавиле интерес за лежење на плажите. Кон крајот на 19 век започнала ерата на јавните капалишта. Во тоа време луѓето почнале да ги препознаваат лековитите својства на морето и сонцето, како и придобивките од релаксирањето во природа.
Британците, според лекарските препораки, оделе на море, а особено оние што сметале дека се многу послаби од работничката класа, која била мускулеста и изгорена од долгиот престој на сонце и напорната физичка работа.
Едно од првите летувалишта се појавило на источниот брег на Англија, во малиот град Скарборо, во близина на Јорк. Освен слабите Британци, плажите ги посетувале и уметници кои барале инспирација во морските пејзажи.

Фото: Reddit
Тогаш започнале и првите школи за пливање, како на море така и во реките Темза и Сена.
Но, на почеток ретко кој навистина пливал или се сончал. Најчесто на плажите се доаѓало за дружење, прошетки и одмор на чист воздух, со повремено влегување во вода за лекување болести. Се играле друштвени игри, се веслало, се играло со топка во вода и често се раѓале нови љубови. Луѓето биле облечени „до врат“, а не било невообичаено на плажа да дојдат и со коњи.
Кон крајот на 19 век жените се капеле во памучни костими за капење. Странските гости не гледале со одобрување на навиката на локалното население да влегува во море во долна облека или дури и без неа.
Во тоа време не било важно да се „стопат килограмите“ пред летото бидејќи стомачето од пиво или друг „вишок“ лесно се криел под слоевите облека.
Извор:
Punkufer.dnevnik.hr
Фото:
Wikimedia Commons