X
 03.05.2026 Култура

Акционен филм од 2015 година прогласен за најдобар филм на 21 век

Од 2000 година Холивуд има објавено многу кинематографски хитови, но некои филмови од 21 век се издвојуваат и добиваат значително поголемо признание од другите.

Во декември 2025 година порталот „Колидер“ ја објави листата „100 најдобри филмови на 21 век“. Меѓу првите 10 на листата се најдоа: „Во расположение за љубов“ (2000), „Вечното сонце на беспрекорниот ум“ (2004), „Социјална мрежа“ (2010), „Темниот витез“ (2008), „Неславни копилиња“ (2009), „Нема земја за старци“ (2007), „Мулхоланд драјв“ (2001), „Господарот на прстените: Дружината на прстенот“ (2001) и „Паразит“ (2019).

На самиот врв на листата се најде постапокалиптичниот акционен филм од 2015 година - „Лудиот Макс: Патот на бесот“, кој беше прогласен за најдобар филм на 21 век. Филмот ја доби оваа титула благодарение на динамичната акција, визуелно импресивните сцени и силната приказна.

Режисерот Џорџ Милер објаснува како го избрал Том Харди за улогата на Макс Рокатански, заменувајќи го  Мел Гибсон, кој претходно го толкуваше ликот во „Лудиот Макс“ (1979), „Лудиот Макс 2“ (1981) и „Лудиот Макс над громот“ (1985).

Милер истакнува дека Харди, слично како Гибсон, има силна харизма, но и доза на опасност и мистерија, што се клучни особини за ликот на Макс.

- За ликови што не зборуваат многу, мора да се почувствува што се случува внатре. Тој беше првиот што влезе низ вратата и ме потсети на Мел - изјавил Милер.


Извор: Parade.com 
Фото: Screenshot/YouTube

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура