X
 21.05.2020 Живот

„Кока Кола“ и „Карлсберг“ ќе воведат шишиња што се разградуваат за една година

Намалената употреба на пластични шишиња е огромен придонес за светската климатска криза. Во светот во кој се изработува 300 милиони тони пластика од фосилни горива годишно, потребни ни се алтернативи. Токму холандската компанија „Авантум“ има такво решение.

Со поддршка од компании како „Кока Кола“, „Карлсберг“ и „Данон“, компанијата развива растителна пластика што би можела да ја замени пластиката што се користи од големите компании.

„Авантиум“ сака да развие нов пластичен материјал што ќе биде направен од пченка, пченица и репка. Материјалот направен од овие растенија целосно ќе се разгради во период од една година.

- Оваа пластика има привлечни квалификации за одржливост затоа што не користи фосилни горива и може да се рециклира – но исто така, ќе се разградува во природата многу побрзо отколку што тоа го прави обичната пластика - вели главниот извршен директор на „Авантиум“, Том Ван Акен.

Новите шишиња со растително потекло ќе се разградат за неколку години доколку се остават надвор во нормални услови.

1

Ова може да направи голема промена во светот, бидејќи загадувањето со пластика е главен проблем денес кој и понатаму расте. Пластичните шишиња и парчињата микропластика можат да се најдат на секоја плажа во светот, а тие влијаат и врз морскиот живот.

Оваа пластика се семта за привлечна алтернатива бидејќи во процесот на производство не се вклучени фосилни горива.

Уште во 1950 година, глобалното население што тогаш изнесуваше 2,5 милијарди произведе приближно 1,5 милиони тони пластика. Сепак, до 2016 година, население од повеќе од 7 милијарди произведе повеќе од 320 милиони тони пластика. Оваа бројка се очекува да расте и да се зголеми двојно до 2034 година. Затоа, секој напор за намалување на производството на пластика е од суштинско значење.

Компанијата се надева дека овие шишиња ќе почнат да се употребуваат до 2023 година.

Мирјам Шинглтон, потпретседателка на програмата за развој на „Карлсберг“ изјави дека компанијата има за цел да направи иновации во сите формати за пакување.

- Задоволни сме од напредокот што досега го постигнавме. Иако не сме целосно до целта, двата прототипа се важен чекор кон остварување на нашата крајна амбиција - вели таа.

- За иновација е потребно време. Ќе продолжиме да соработуваме со водечки експерти за да ги надмините преостанатите технички предизвици - додава таа.



Извор: Bored Panda
Фото: Paperflare
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот